недела, 9 ноември 2025

Пијан возел мерцедес низ Кавадарци

Со 2,05 промили алкохол во крвта, кавадарчанец возел мерцедес низ градот, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 2:20 часот на улица ‘Моша Пијаде’ но градот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода С.К., 51-годишен кавадарчанец. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило мерцедес со кавадаречки регистарски ознаки, под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта“, појаснуваат од СВР – Велес.

Потенцираат дека тој е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител.

По целосно документирање на настанот, додаваат, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик безобѕирно управување со моторно возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ