сабота, 15 ноември 2025

Осуденици бегале со „ровер“ и се судриле со полициско возило

Двајца осуденици се приведени по неуспешниот обид за бегство од полициска патрола. Тие со возилото „ровер“ излетале од патот, соопшти МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во близина на населбата Нова Колонија, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции, постапувајќи по план од СВР Скопје, ги лишиле од слобода Н.А. (45) и А.Ј. (23) од Скопје.

Лицата осуденици биле на отпуст од КПУ Идризово. Додека се движеле со патничко возило „ренџ ровер“ на улицата Панче Неделковски во Скопје околу 20:20 часот, не застанале на даден знак од полициски службеници и се дале во бегство, по што веднаш биле преземени мерки и активности за нивно запирање и лишување од слобода.

Организирана е потера по возилото кое се упатило кон обиколницата, па потоа кон регионалниот пат Скопје-Велес, каде било стигнато од страна на полициските службеници во близина на населбата Нова Колонија.

Полициски службеник испукал предупредувачки куршуми во воздух, но возилото „ренџ ровер“ не застанало туку продолжило да се движи и во близина на Нова Колонија излетало од патот. Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ