петок, 7 ноември 2025

Нападнат маж во Аеродром по расправија во обложувалница

Во СВР Скопје 42-годишниот Ј.Ц. од Скопје пријавил дека на 22 октомври 2025 година, околу 15:45 часот, на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат по претходна вербална расправија со негова колешка во спортска обложувалница.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата, откако излегол од објектот, врз него физички напад извршиле лицата М.Ж. и М.В., кој бил партнер на колешката. Едниот од нив употребил и тврд предмет, при што му било оштетено и возилото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ