понеделник, 17 ноември 2025

Лажел дека ја изгубил возачката за да не го казнат, па заработил две казни

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Новак, општина Центар Жупа за давање лажна изјава.

Објавено на

часот

Сподели

Кривична пријава е поднесена против Н.И.(30) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело давање лажен исказ по член 367 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид

Додаде дека Н.И. на 29 минатиот месец, свесно и со умисла, во управните служби кажал дека ја изгубил возачката дозвола поради што, поднел барање за издавање на нова возачка.

При преземени мерки, констатирано е дека неговиот исказ бил лажен бидејќи возачката дозвола му била одземена од полициски службеници во една странска земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ