„Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство предизвикал сообраќајна незгода во Прешево и ќе биде потребна одредена сума на пари за да плати адвокат, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и прекинала“, соопшти СВР Куманово.
Триесет и пет годишна жена од Куманово вчера во полицијата пријавила дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село. Измамникот се обидел да ја изманипулира жената, јавувајќи ѝ се на телефон дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по случена сообраќајна несреќа во Германија, но откако таа се посомневала, лицето ја прекинало врската.
Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат претпазливи, особено повозрасните лица кога им се јавуваат непознати лица и да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги.
Но 62-годишна битолчанка немала толку среќа како жените од Куманово.
Имено, вчера на пладне, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






