понеделник, 17 ноември 2025

Двајца кумановци пријавиле закани и напад при делење изборен материјал

Двајца кумановчани, денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска  во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К. и И.С., двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и  Р.Ш. од  друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал“, соопшти МВР.

СВР Куманово  презема мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ