Новото лого на Дачија е со големи букви, а новиот амблем е едноставно „DC“ на симетричен начин. Ова не е првпат да го гледаме новиот амблем – тој се појави на осветлената предна решетка на концептниот бигстер претставен во јануари годинава, а новото лого беше втиснато во пластичните прагови.

Филозофијата на романската компанија досега беше фокусирана соодносот вложено-добиено. Ова важи и за актуелната понуда на марката, за моделите сандеро, сандеро степвеј, логан и дастер, но и електричниот дачија спринг.
Ребрендирањето на марката почнува од овој месец со реклами и брошури, а во 2022 ќе следат измени на дилерските салони, додека моделите ќе почнат да ги носат новото лого и амблем од втората половина на 2022.
[video:https://youtu.be/Mx4ZyzH5EUE autoplay:0]





