сабота, 15 ноември 2025

Жена обвинета за кражбата на накит во Лувр

Триесет и осумгодишна жена е обвинета за учество во спектакуларна кражба на накит во парискиот музеј Лувр минатиот месец, во која беа украдени непроценливи предмети во вредност од 88 милиони евра, пренесува Би-би-си.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Неименуваната жена е обвинета за учество во организирана кражба и злосторничко здружување. Откако беше изведена пред судија, ѝ беше одредена мерка притвор. Според извештаите на новинската агенција Франс прес, обвинетата била во солзи на суд додека го потврдувала своето живеалиште во северното париско предградие Ла Курнев.

Уапсени се неколку лица

Таа е една од петте лица уапсени претходно оваа недела во и околу Париз како дел од истрагата. Едно од овие лица беше ослободено без обвинение, но се верува дека еден од преостанатите притвореници бил директно вклучен во грабежот.

Претходно беа уапсени и обвинети двајца мажи, за кои официјалните лица изјавија дека „делумно ја признале“ својата вмешаност. Четвртиот осомничен за грабежот е сè уште во бегство.

Грабежот се случил на 19 октомври наутро, веднаш откако музејот се отворил за посетители. Париската обвинителка Лаура Бекуо изјави дека крадците користеле украдено возило со механички кран за да се искачат на балконот на галеријата Аполо. Тие ги скршиле витрините со брусилка и украле накит. Целата операција траела само четири минути. Веќе во 9 часот и 38 минути, крадците избегале со два скутери што ги чекале пред музејот, а подоцна се качиле во автомобили.

Меѓу осумте украдени предмети се и круната на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон Трети, како и ѓерданот и обетките на Марија-Луиза. Скапоцениот крунски накит сѐ уште не е пронајден.

По инцидентот, безбедносните мерки околу француските културни институции се значително зголемени, а Лувр ги премести некои од своите највредни скапоцености на безбедно чување во Банката на Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ