Како што информира Јавното обвинителство, тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до прозорецот.
Со сила ја подигнал ролетната, а со хебла отворил и влегол во куќата. Пребарувал и претурал, но бил забележан од сосед кој веднаш пријавил. Полициските службеници го затекнале и го лишиле од слобода пред да го доврши делото.
„Со оглед дека станува збор за лице кое нема постојано живеалиште или престојувалиште во Скопје, а и претходно се јавува како сторител на имотни деликти, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и опасност осомничениот да врши и други кривични дела, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, наведува Обвинителството.





