среда, 13 мај 2026

Зеленски бара од Трамп со Си да го отвори прашањето за војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес побара од американскиот лидер Доналд Трамп да го отвори прашањето за окончување на руската инвазија на средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во постојан контакт сме со нашите американски партнери. Ние сме им благодарни и се надеваме дека прашањето за војната што Русија ја води против Украина ќе биде споменато во таа пригода кога американскиот претседател ќе биде во Кина“, кажа Зеленски во говорот на самитот на земјите од централна Европа во Романија.

Зеленски со месеци бара посилни дипломатски напори, под покровителство на Вашингтон, за да се најде излез од војната, но процесот е на мртва точка откако избувна војната на Блискиот Исток.

Минатата недела тридневното примирје меѓу Русија и Украина, посредувано од Соединетите Американски Држави, беше нарушено со обвинувања за прекршувања од двете страни.

Трамп пристигна во Пекинг денес, во прва посета на американски претседател на Кина по речиси десет години.

Ројтерс пишува дека се очекува Трамп да се обиде да ја притисне Кина да го убеди Иран да постигне договор со Вашингтон за прекин на конфликтот, иако кажа дека не мисли дека ќе му треба кинеска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ