недела, 24 мај 2026

Вучиќ од Пекинг: Предлогот на Мерц за забрзување на проширувањето на ЕУ е подобар за Украина отколку за Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денес во Пекинг изјави дека неговата посета на Кина е од големо значење за Србија и дека за време на посетата ќе се сретне со претседателот на таа земја Си Џинпинг, а утре ќе се сретне и со премиерот на Кина Ли Џијанг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц за побрза интеграција на Западен Балкан и Молдавија, со придружно членство за Украина, Вучиќ кажа дека овој предлог не е особено добар за Србија.

„Важно е што германскиот канцелар излезе со нешто поинакво и нешто што е пореално. Не сум задоволен од содржината за Србија. Тоа е многу подобар предлог за Украина отколку за Србија“, оцени тој.

Вучиќ додаде дека „подобро е да ни се отворат картите за да зборуваме искрено, отколку да слушаме бајки“.

„Тоа е добра вест, но во однос на суштината, секако може да се постигне напредок“, додаде тој.

Коментирајќи ја оценката на американскиот Блумберг дека е „блиску до црвената линија“ кога станува збор за односите меѓу Србија и Кина, Вучиќ кажа дека медиумите „се чини дека немаат подобра работа“.

На коментарот на европратеникот Андреас Шидер дека го запрел железничкиот сообраќај во Србија од страв од сопствените граѓани пред вчерашниот протест на плоштадот Славија во Белград, Вучиќ кажа дека „ние, за разлика од господин Шидер, немаме проблем со протестите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ