четврток, 23 април 2026

Војници на УНИФИЛ ја заменија статуата на Исус уништена од израелски војник (ФОТО+ВИДЕО)

Припадници на мировните сили на Обединетите нации (УНИФИЛ) ја заменија статуата на Исус Христос во христијанското село во јужен Либан, која беше уништена од војник на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Статуата на Исус, која беше скршена со чекан од израелски војник во селото Дебел, е заменета со нова статуа донирана од војници од италијанскиот контингент на УНИФИЛ, објавува Тајмс оф Израел.

Израелската војска исто така достави статуа на Христос по инцидентот, иако помала и во различен стил од оригиналот.

Фотографиите објавени од медиумите покажуваат дека статуата донирана од мировните сили на ОН повеќе наликува на оригиналната статуа.

Статуата доставена од ИДФ е преместена на друга локација.

Двајцата војници на ИДФ – едниот кој ја уништи статуата, а другиот кој ја направи фотографијата – беа осудени на по 30 дена затвор и беа отстранети од активна должност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ