вторник, 21 април 2026

Зеленски вели дека нафтовод со кој руската нафта пристигнува до Унгарија е подготвен за работа

Нафтоводот Дружба, со кој се носи руската нафта до Европа, е подготвен да продолжи со работа, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокирање на пакетот помош од 90 милијарди евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот Дружба оштетен во руски напад. Нафтоводот може да продолжи со работа“, напиша Зеленски на Икс.

Прекинувањето на протокот ги налути Унгарија и Словачка, кои и понатаму зависат од увозот на руска нафта.

Унгарската влада се закани дека ќе ја прекине енергетската помош за Украина како одговор, а премиерот Виктор Орбан долго време го блокираше пакетот помош за Киев договорен од Европската комисија.

Зеленски додаде дека Украина, чиј воен буџет во голема мера зависи од странско финансирање, очекува парите да бидат исплатени како што е договорено, откако ќе се поправи нафтоводот Дружба.

„Го поврзуваме тоа со деблокирањето на европскиот пакет помош за Украина, кој веќе е одобрен од Европскиот совет“, рече тој.

Кремљ денес изјави дека Русија е технички подготвена да продолжи со протокот на нафта преку нафтоводот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ