четврток, 7 мај 2026

Захарова: Ревитализација на неонацизмот во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Според неа, Украина институционално му наметнува пропаганда на своето население, пренесува ТАСС.

„Очигледно, националните и локалните власти имаат одредени упатства за наметнување  на нацистичките херои на сопствената популација“, кажа Захарова.

Тоа главно се прави против волјата на Украинците, кои ја знаат својата историја, иако оваа историја токму сега повторно се пишува, а луѓето се индоктринираат со други вредности и толкувања на историските настани, кажа Захарова.

„Ќе продолжиме да го посетуваме Киев, а и неговите западни добротвори, за неприфатливоста на обидите за рехабилитација на антихуманите национал-социјалистички идеологии и величењето на нацизмот, вклучувајќи и величење на нацистичките злосторници и нивното претворање во модерни херои“, кажа таа.

„Зеленски стана закана за Украина“

Захарова додаде и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски станал закана за Украина, а разединетоста на украинскиот народ достигна катастрофални размери.

„Изгледа дека самиот Зеленски стана закана за Украина и за останатите европски држави, покрај другото и во контекст на зачувување на демократските основи и принципи“, кажа Захарова на прес-конференција.

Таа со ова ја искоментира стратегијата за информациска безбедност, која ја одобри Зеленски, а во која се наведува дека информациската политика на Русија претставува закана за демократските земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ