„За сите лица од 16 до 30 години подготвивме мерка која брзо ќе се реализира“, кажа Вучиќ.
Затоа, додаде, сите млади кои наполниле 16 години и имаат лична карта која ќе покаже дека во 2022 ќе наполнат 30 години или ќе имаат неполни 30 години ќе имаат право за добивање 100 евра.
Пријавите ќе почнат на 15 јануари и ќе траат до 30 јануари. Доволни ќе бидат само пријава и сметка во банка, а парите ќе легнат на сметка околу 1 февруари, кажа Вучиќ.
Тој потсети дека и здравствените работници околу 15 јануари ќе добијат 10.000 динари (околу 85 евра) еднократна помош и дека на 10 февруари на пензионерите ќе им биде уплатена помош од 20.000 динари (околу 170 евра).
„Тоа е голема помош за околу 2,9 милиони луѓе“, истакна српскиот претседател, додавајќи дека владата тоа го може поради добрата состојба на јавните финансии.
Вучиќ најави и дека луѓето од 1 јануари за прво дете од државата ќе добиваат 300.000 динари (околу 2.550 евра) еднократна помош, наместо досегашните 100.000 динари (околу 850 евра).
Ќе има и исплати од 100.000 динари за второ и за првпат и за трето дете.
Српскиот претседател смета дека комбинацијата стари и нови мерки ќе има ефект врз посиромашните слоеви на општеството и ќе помогне во развојот на свеста дека без деца нема иднина.
Вучиќ кажа дека ќе бидат подготвени дополнителни измени на кривичниот и други закони, со кои уште посилно ќе се воведат превентивни мерки во борбата против насилството врз жените. Кажа и дека ќе се работи со невладиниот сектор како и дека општеството ќе се избори со врсничкото насилство, кое, како што кажа, иако го имало и порано, денес е појасно.
„Благодарение на мобилните телефони и социјалните мрежи, кои младите самите го снимаат и уште се гордеат со тоа. Мораме заедно да се избориме со тоа“, кажа тој.






