Групите кои се залагаат за право на абортус велат дека 85 до 90 проценти од абортусите во Тексас се вршат по шестата недела од бременоста, што значи дека законот најверојатно ќе принуди бројни клиники на затворање.
Таквата забрана никогаш не била дозволена во ниту една држава, откако Врховниот суд во 1973 година донесе одлука Роу против Вејд, важна пресуда со која се легализираше абортусот низ целата земја.
Американската организација „Планирано родителство“ и други даватели на женски здравствени услуги и доктори се обидоа да го оспорат законот пред федералниот суд во Остин во јули, наведувајќи дека со него се прекршува уставното право на абортус.
Законот, потпишан на 19 мај, е невообичаен по тоа што им овозможува на граѓани да ги тужат давателите на услугата абортус и секој што „помага или поттикнува“ абортус по шестата недела. Граѓаните кои ќе победат во вакви тужби ќе имаат право на најмалку 10.000 долари.
Судот сè уште може да ја стави забраната на чекање, а ниеден суд сè уште не донел одлука за нејзината уставност, напиша на Твитер Стивен Владек, професор на Правниот факултет во Остин.
„Без разлика на тоа што ќе речат некои, ова не е ‘крај’ на Роу“, напиша Владек.






