четврток, 7 мај 2026

Во Србија без нови мерки за време на празниците

Објавено на

часот

Сподели

Таа, по седницата на тоа тело, кажа дека членовите на кризниот штаб констатирале дека мерките кои до сега беа актуелни – носењето маска во затворен простор, почитување на физичката дистанца, вакцинацијата и контролата на ковид-пропусниците – дале резултати.

„Ја согледавме епидемиолошката ситуација, трендовите на заболување, оптеретеноста на болниците и другите поединечни параметри“, наведе Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа им порача на граѓаните за време на претстојните празници да се чуваат себеси и своите најблиски.

Ковид пропусниците кои се задолжителни во угостителските објекти од 20 часот навечер, како што кажа српската министерка, имаат ефект.

Таа додаде дека наскоро треба да почне со работа апликацијата која со поголем опфат ќе спроведува контрола на пропусниците, а ќе може да познае и фалсификувани сертификати.

Јавен дочек на Нова година ќе биде организиран во Белград и други градови во Србија, во момент кога бројни градови во Европа ги откажуваат јавните прослави во страв од новиот омикрон сој на коронаворусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ