понеделник, 4 мај 2026

Во САД издаден првиот пасош на кој родот е означен со Х

Објавено на

часот

Сподели

„Стејт департментот ја додаде ознаката Х за родово небинарните, за интерполовите лица и за сите оние кои не можат да се идентификуваат во рамки на досегашните родови критериуми“, кажа портпаролот на Бајден Нед Прајс.

„Новата можност ќе им се понуди на сите поднесување на барање за издавање пасош од почетокот на 2022“, кажа Прајс, истакнувајќи ја посветеноста на американската дипломатија на „промовирањето на слободите, достоинството и еднаквоста на сите луѓе“.

Уште најмалку единаесет земји во светот, меѓу кои Канада, Германија и Аргентина, но и Индија и Пакистан, нудат можност за избор на ознаката „Х“ или „друго“ во своите пасоши, според податоците на Емплојерс нетворк фор икволити енд инклужн со седиште во Лондон.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги ублажи правилата уште во јуни, кога на граѓаните на САД им овозможи самите да го одберат полот во пасошите.

Претходно лицата кои сакаа да впишат пол кој не одговарал на податокот впишан во матичните книги на родените мораа да достават лекарска потврда.

Бајден во предизборната кампања најави дека приоритет ќе му биде одбраната на правата на сексуалните малцинства во светот и на тоа прашање се посвети повеќе од кој било свој претходник, особено во споредба со Доналд Трамп.

Додека државен секретар на САД, во мандатот на Трамп, беше Мајк Помпео, на американските амбасади им беше строго забрането истакнување на симболите на ЛГБТ заедницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ