Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, денеска во 14 часот нивната станица во Горица измерила температура од 19,3 степени Целзиусови.
Ова е највисоката температура која денеска е измерена во Хрватска во 14 часот, а воедно и највисоката јануарска температура во Дубровник од почетокот на мерењата.
Многу дубровчани затоа уживаат во денот кој е сосема нетипичен за јануари, па некои од нив решиле да одат на плажа. Така, многу капачи можеле да се видат на најпопуларната плажа во Дубровник Бања.//
$bp(“Brid_41131894”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”934534″,”autoplay”:0,”shared”:true});
//






