среда, 22 април 2026

Во Црна Гора склучен првиот геј брак, се венчаа две девојки

Објавено на

часот

Сподели

Според зборовите на локалната службеничка во Будва, на партнерките им биле објаснети правата и обврските во согласност со црногорскиот закон, а со зборовите на поетот Душко Радовиќ за љубовта и заедничкиот живот им било објаснето и она што не е опфатено со законот.

„Нè радува што бевме во прилика први да го примениме законот за животно партнерство и им посакуваме среќа и многу љубов во заедничкиот живот“, кажа Милјана Вукотиќ Јелушиќ.

Црногорскиот парламент кон средината на 2020 го усвои законот за истополово животно партнерство кој на сила стапи на 15 јули годинава. Досега за склучување брак се пријавиле дваесетина хомосексуални двојки.

Со овој закон ЛГБТ лицата ги добиваат истите права како и хетеросексуалните двојки, освен посвојување и старателство над деца.

На усвојувањето на законот најмногу се противеше Српската православна црква сметајќи дека со него се урива традиционалното семејство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ