Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: aдминистративни и помошни услужни дејности за 12,3 проценти; рударство и вадење камен за 10,6 проценти и снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4 проценти.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство за 5,7 проценти; други услужни дејности за 5 проценти и уметност, забава и рекреација за 4,6 проценти.






