„Иран сее терор и хаос, а тоа силно се чувствува тука во Турција. Во последните недели, НАТО успешно пресретна четири ирански балистички ракети што летаа кон Турција“, потсети Руте.
„НАТО е подготвен за вакви закани и секогаш ќе прави сè што е потребно за одбраната на Турција и сите други земји-членки“, додаде генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, чии 32 земји-членки треба да се состанат во турската престолнина на самит на почетокот на јули.
Поранешниот холандски премиер, кој го посети седиштето на Аселсан, турски гигант во одбранбената индустрија, ја пофали „револуцијата во турската одбранбена индустрија“ за време на својата посета.
„Соочени со огромните опасности со кои се соочуваат земјите од НАТО, мора да продолжиме по овој пат, произведувајќи и иновирајќи уште повеќе и уште побрзо“, рече Руте, кој денес треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ова се системи за воздушна одбрана, дронови, муниција, радари, вселенски капацитети и уште многу повеќе што ќе нè заштитуваат. Вие развивате најсовремени технологии во оваа земја и токму тоа ни треба“, додаде тој.






