среда, 22 април 2026

Министерството за правда: Засилен институционален ангажман за реформите во правосудството

Денеска се одржа третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството – информираат од Министерството за правда. Како Министерство, велат, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа.

Објавено на

часот

Сподели

„Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите“, порачуваат од Министерството за правда.

Особено е важно, додаваат, што денеска се заокружени клучните процеси за функционирање на Советот за следење на реформите во правосудството. Донесен е деловник за работа, а методологијата за следење и евалуација на секторската стратегија за правосудство 2024 – 2028 година беше усвоена едногласно.

„Со тоа поставуваме цврста основа за поголема ефикасност, транспарентност и отчетност во следењето на реформските процеси. Нашиот фокус останува на конкретни резултати, особено на мерките со рок до јуни 2026 година. Ќе продолжиме со интензивна работа, во партнерство со сите релевантни институции, меѓународната заедница и експертската јавност“,  нагласуваат од Министерството за правда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ