сабота, 15 ноември 2025

Венс: Тестирањето на нуклеарниот арсенал е клучно за безбедноста на САД

Тестирањето на американскиот нуклеарен арсенал е од суштинско значење за одржување на националната безбедност, изјави во четврток американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, откако американскиот претседател Доналд Трамп ѝ нареди на војската да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје, за прв пат после 33 години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Важен дел од американската национална безбедност, е да се осигураме дека нашиот нуклеарен арсенал навистина функционира како што треба“, изјави Венс пред новинарите пред Белата куќа, објави Ројтерс.

Венс додаде дека администрацијата знае дека постојниот арсенал „работи правилно“, но дека треба да се проверува и одржува со текот на времето.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД ќе продолжат со тестирањето на нуклеарно оружје по пауза од три децении и дека „поради програмите за тестирање на другите земји“, тој му наредил на Министерството за војна да започне со тестирање на американското нуклеарно оружје „на рамноправна основа“.

Во објава на платформата Трут, кратко пред личната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Бусан, Јужна Кореја, Трамп рече дека „овој процес ќе започне веднаш“, без да прецизира каков вид тестирање на нуклеарно оружје ќе се спроведе.

Трамп истакна дека Соединетите Американски Држави имаат повеќе нуклеарни боеви глави од која било друга земја, откако си ја презеде заслугата за „целосно ажурирање и реновирање на постоечкиот арсенал“ за време на својот прв мандат.

Тој рече дека Русија има втор најголем број нуклеарни боеви глави во светот, а дека Кина е на „оддалеченото трето место, но ќе биде изедначена во рок од пет години“.

„Поради огромната деструктивна моќ (на нуклеарното оружје), мразам да го направам тоа, но немав избор“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ