сабота, 16 мај 2026

Украински „санкции со долг дострел“: Гори стратешки важен објект во Русија (ВИДЕО)

Во хемиската фабрика Азот во рускиот град Невиномиск во Ставрополската област избувна пожар по напад со беспилотно летало. Гувернерот на регионот го потврди нападот, но изјави дека нема штета ниту жртви, и покрај снимките од пожарите кои се проширија на социјалните мрежи, пренесува Украинска правда.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите од руските канали на Телеграм, хемиската фабрика Азот била нападната со беспилотни летала, што предизвикало пожар. Истите извори наведуваат дека овој објект бил цел на напади најмалку шест пати од почетокот на руската инвазија на Украина.

Станува збор за еден од најголемите погони на хемиската индустрија на југот на Русија, кој работи како дел од групацијата Еурохем. Произведува голем број хемиски соединенија кои имаат двојна намена – се користат во хемикалии за земјоделство, но и за воени цели.

Пожар и во Татарстан

Во исто време, беше пријавен пожар во градот Набережње Челни во Татарстан. На пожарот му претходеше тревога за воздушен напад поради закана од беспилотно летало. Според локалните власти, пожарот во Набережње Челни се проширил на 6.000 квадратни метри, а гори и погон за производство на електрична опрема.

Гувернерот на Ставрополскиот регион, Владимир Владимиров, утрово потврди дека во близина на Невиномиск се случил напад со беспилотно летало. Следејќи ја вообичаената практика на руските службеници, тој изјави дека „немало жртви ниту штети“. Владимиров не го спомена пожарот во хемиската фабрика, што јасно се гледа на снимките објавени на руските канали на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ