среда, 22 април 2026

Убиство на хрватски остров: ја задавил жена си и три дена бил во вила со телото

Објавено на

часот

Сподели

Според Нови лист, истрагата сѐ уште е во тек, така што нема многу официјални информации. Соседите велат дека животот го загубила средовечна жена, наводно Русинка што живеела во Германија, сестра на сопственикот на станот каде што во вторникот вечерта било пронајдено телото на жртвата.

Она што ги алармирало соседите биле комплетно спуштените ролетни на станот во кој е пронајдено безживотното тело на наводно задавената жена, сознанието дека никој не ја видел несреќната жена неколку дена, но и информацијата дека за време на викендот се слушале врескања од станот.

Наводно, во текот на ноќта од саботата кон неделата долго време се слушала гласна расправија од станот, соседите велат и „лом“, што нагло прекинало околу еден часот по полноќ.

Веќе следниот ден, сопругот на несреќната жена е виден како околу своето бело волво со германски таблички „ растроено шета, си ја соблекува облеката и ја фрла на земја“. Автомобилот бил паркиран на патот пред пространиот двор на луксузна зграда опремена со базен.

Нови лист пишува дека, според сѐ, споменатиот „руски Германец“ бил во станот со својата мртва партнерка цели три дена.

Полицијата во наредните денови ќе ги расветлува деталите на злосторството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ