Енис Осајанде на смрт ја избодел муштерија во јуни 2018 година. Таа во потрага по работа и подобра иднина во 2016 година дошла во главниот град на Белгија.
Таа верувала дека мажот кој ја довел е филмски агент и дека ќе ја направи филмска ѕвезда. Всушност, тој бил трговец со луѓе.
Кога пристигнала во Брисел, веднаш била приморана да се бави со проституција. На шверцерите кои ја донеле им должела 45.000 евра.
Таа пред убиството во една хуманитарна организација пријавила дека трпи насилство и закани на работа. Се плашела да оди во полиција бидејќи била нелегален емигрант без документи.
Таа имала само 23 години кога била избодена 17 пати. Нејзината смрт предизвика протести на сексуалните работнички емигрантки. Тие тогаш бараа подобри услови за работа, а од локалните власти подобро правно уредување на нивната позиција.
Проституцијата во Белгија не е нелегална, но нема јасна правна рамка за неа.
Градските власти истакнаа дека со именувањето на нова улица по Енис Осајанде сакаат да го свртат вниманието на сите „заборавени жени кои се жртви на трговијата со луѓе, сексуално насилство и фемицид“.






