вторник, 21 април 2026

Трамп: Отстранувањето на збогатениот ураниум од Иран ќе биде долг и тежок процес

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека отстранувањето на збогатениот ураниум од Иран, по американската операција „Полноќен чекан“, ќе биде долг и тежок процес.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Операцијата „Полноќен чекан“ беше целосно и тотално уништување на местата со нуклеарна прашина во Иран. Затоа, ископувањето ќе биде долг и тежок процес“, напиша претседателот на Трут соушл.

Операцијата „Полноќен чекан“ е кодното име за операцијата спроведена од САД минатиот јуни, во која американските воени авиони ги гаѓаа иранските нуклеарни постројки Фордоу, Натанц и Исфахан.

Трамп ги обвини „лажните вести и корумпираните медиумски мрежи и платформи“ дека не се во состојба да им дадат признание на одличните американски пилоти што го заслужуваат и ги нарече „губитници“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ