понеделник, 8 јуни 2026

Трамп: Му реков на Биби да внимава што прави бидејќи многу брзо може да остане сам против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволи конфликтот со Иран да ескалира во целосна војна. „Му реков на Биби да внимава што прави бидејќи многу брзо може да остане сам против Иран“, изјави Трамп за израелскиот Канал 12.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Канал 12, Трамп вчера побарал од Нетанјаху да не го напаѓа Иран како одговор на иранскиот ракетен напад врз Израел. Разговорот завршил без јасен договор, а израелскиот премиер не открил каква ќе биде неговата конечна одлука.

Потоа, Нетанјаху се консултирал со лидерите од безбедносниот состав и го информирал американскиот државен секретар Марко Рубио дека одлучил да го нападне Иран. „Израелците нè известија во многу доцна фаза. Веќе беа на пат кон Иран. Успеав да го намалам обемот на нападот“, изјави Трамп за Канал 12.

Трамп исто така откри дека пет земји од регионот, кои се вклучени во посредувањето меѓу САД и Иран, го замолија да изврши притисок врз Нетанјаху да ги запре нападите и да продолжи да работи на мировен договор.

„Утрово Иранците не контактираа и ни кажаа дека повеќе нема да го напаѓаат Израел. Побараа од нас да му кажеме на Израел да запре со нападите. Го повикав Биби и го запрев“, додаде американскиот претседател. Трамп нагласи дека сè уште е отворен за постигнување договор и дека верува оти и Иран е заинтересиран за договор со САД.

Порано во текот на денот, Нетанјаху во претходно снимена видео порака рече дека нема да дозволи израелските непријатели да ја одредуваат безбедносната политика на земјата.

„Израел го има секое право да се брани и ќе го искористи тоа право колку што е потребно“, објави израелскиот премиер.

„Ви го кажувам ова денес исто како што му го кажувам со почит и благодарност на мојот пријател претседателот Трамп“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ