сабота, 25 април 2026

Талибанците одржаа лажен погреб на САД и на НАТО, носеа ковчези со знамињата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лажниот погреб, за време на кој ги носеа ковчезите низ улица преку мноштво луѓе, е дел од прославите што се одржаа низ Авганистан по повлекувањето на американските војници.

Некои од присутните држеа пиштоли вперени нагоре, додека други вееја талибански знамиња или ја снимаа поворката со мобилни телефони, пренесува Ројтерс.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=b8U4iX-H1Tc autoplay:0]

Талибанскиот претставник Кари Саид Хости за една локална телевизија изјави дека 31 август е нивниот официјален „Ден на слободата“, пренесува Ројтерс.

„На денешен ден американските окупаторски сили и силите на НАТО избегаа од земјата“, рече Хости.

Соединетите Држави ја завршија евакуацијата на цивилите од Кабул пред полноќ на 30 август и го завршија повлекувањето од Авганистан.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=l6_kB6XqJEo autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ