сабота, 25 април 2026

СЗО отвора систем за рано предупредување на пандемија во Берлин

Објавено на

часот

Сподели

Новиот глобален Центар за пандемиски и епидемиски пдатоци на СЗО „ќе ги собере партнерите од целиот свет за да соработуваат и да создадат податоци и алатки потребни на сите земји за подготовка, откривање и одговор на пандемиски и епидемиски ризици“, порача СЗО воочи настанот.

Центарот ќе го отворат првиот човек на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус и германската канцеларка Ангела Меркел.

Здравствените експерти веруваат дека по ковид-19 појавата на нова пандемија е само прашање на време и затоа предупредувачките знаци мора систематски да се следат со цел ран и силен одговор.

Кога одлуката за основање на центарот беше донесена во мај, Меркел рече дека „податоците се важна основа за борба против идните пандемии“.

„Податоците, комбинирани и обработени со вистински аналитички алатки, можат да обезбедат увиди што не би можеле да ги добиеме сами или барем не толку брзо“, рече таа.

Центарот ќе користи вештачка интелигенција за анализа на голема количина на податоци, фокусирајќи се на здравјето на животните, невообичаени болести кај луѓето, промени во однесувањето на луѓето, ефектите од климатските промени и движење на населението.

Германските институти, вклучително и заводот за јавно здравје Институтот Роберт Кох и берлинската болница Шарите, ќе бидат вклучени во проектот, како и Институтот Хасо Платнер.

Германија ќе му даде на центарот до 30 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ