сабота, 2 мај 2026

Србија ќе добие најново вооружување од Русија

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за руската агенција РИА Новости не изнесе детали, но кажа дека војската и полицијата на Србија, врз основа на претходно склучените договори со Руската Федерација, значително ќе зајакнат.

„За тоа не можеме да зборуваме додека не се случи. Но, апсолутно е сигурно дека војската и полицијата ќе ги купуваат најсовремените технологии, меѓу другото и оние кои ги произведува Руската Федерација“, порача Вулин.

Повтори дека Србија под сегашното раководство строго ќе ја почитува воената неутралност, дека нема да се придружи на НАТО и дека нема да ги поддржи санкциите против Русија.

„Сè додека Александар Вучиќ е претседател на Србија и додека јас сум во безбедносните структури, Србија нема да стане членка на НАТО и строго ќе водиме сметка за зачувувањето на нашата воена неутралност“, истакна српскиот министер.

Повтори дека Србија никогаш нема да ги поддржи санкциите против Русија или антируската хистерија.

„Историјата покажа дека секоја русофобија е и србофобија. Никогаш не се случило некој да ја нападне Русија а да не ја нападнал Србија. Тоа е правило“, смета Вулин.

Кажа и дека Србија и Русија ќе ја развиваат соработката во борбата против тероризмот, трговијата со дрога и организираниот криминал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ