четврток, 23 април 2026

Си-ен-ен отпушти тројца работници, дошле на работа невакцинирани

Објавено на

часот

Сподели

„Изминатава недела бевме информирани за тројца вработени што дошле невакцинирани. Сите тројца добија отказ. Да бидам јасен, имаме политика на нулта толеранција по ова прашање“, се вели во соопштението.

Извршниот директор, исто така, објави дека Си-ен-ен ќе го одложи враќањето на работниците најавено за 7 септември, најверојатно до „средината на октомври“ поради зголемувањето на бројот на новозаразените со ковид-19 поради високата активност на делта-сојот на коронавирусот.

„Мислам дека е фер да се каже дека сите чувствуваме мешавина на исчекување, вознемиреност, фрустрација, конфузија и незадоволство“, напиша Закер.

Порастот на заразените со делта-сојот на коронавирусот, од кои огромното мнозинство се невакцинирани, ги наруши плановите за враќање на работа и принуди многу компании од приватниот сектор да се вратат на задолжително носење маска и да заземат поцврст став за вакцинирање против ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ