четврток, 23 април 2026

Шмит: До оние што фантазираат за промена на границите – готово е!

Објавено на

часот

Сподели

„На оние што сè уште негуваат фантазии дека би било добро да се менуваат границите или да се создаваат нови држави, им велам дека е готово“, рече Шмит.

Тој истакна дека клучното прашање за Европската Унија е дали да ги задржи шесте земји од Западен Балкан заедно и меѓу нив да спроведе делумни процеси на интеграција, што може да доведе и до т.н. голем Шенген.

Постои компаративна предност кога сте член на европските интеграции, што може да се види од примерот на програмата КОВАКС, рече тој.

„Соединетите Американски Држави во минатото во критичните периоди направија многу за Западен Балкан, некогаш и повеќе од Европејците, на кои им требаше повеќе време за да сфатат што треба да направат“, додаде Шмит.

Тој особено предупреди на важноста од инвестирање во помладите генерации преку образованието, бидејќи тие имаат потенцијал да ги забрзаат процесите на помирување, во целиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ