На денешната едница на ЕСС, информира, се отворени важни прашања, што директно ги засегаат работниците, работодавачите и граѓаните, при што фокусот е ставен на конкретни мерки и законски решенија.
Министерот посочи дека е разгледан годишниот извештај за работата на Советот за 2025 година, со акцент на постигнатите резултати и потребата од дополнително унапредување на социјалниот дијалог.
Дискутирано е и за предлог-законот за младински додаток, кој, посочи, претставува значајна мерка за поддршка на младите, нивно задржување во државата и поттикнување на економската активност, како и за измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, особено во делот на бенефицираниот стаж, со цел обезбедување поправеден и поодржлив систем за работниците во ризични професии.
„Оосбено важна точка беше оперативниот план за вработување за 2026 година, со кој предвидуваме речиси 40 милиони евра за поддршка на самовработување, отворање нови работни места и обуки, што ќе придонесе за намалување на невработеноста“, истакна Дурмиши најавувајќи дека оперативниот план ќе биде објавен до крајот на месецот или на почетокот на следниот месец.
Разговарано е и за предлог-законот за заштита од пушење, како и за извештајот за работењето на Агенцијата за вработување.






