четврток, 23 април 2026

Манасиевски: Заев, Ковачевски, Шекеринска… на власт се против техничка влада, во опозиција за

СДС на власт едно, во опозиција друго! Поранешни премиери и вицепремиери, како и поранешните претседатели на СДС, од типот на Заев, Ковачевски и Шекеринска, додека беа на власт јасно и гласно беа против техничката влада, а денес кога се во опозиција се против укинување на т.н. Пржинска влада, вели Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Не нѐ чуди политиката на Филипче, која гласи – сѐ што ќе каже или направи ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе се контрираме. Ваквата политика која ја пишуваат Заев и Башановиќ, на СДС не му носи добро.

За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ го има истиот став и во опозиција и на власт. Техничката влада треба да замине во историјата.

Македонија е демократска држава и ги исполнува сите институционални капацитети за спроведување фер избори“, вели Манасиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ