„Првите приходи од транзитните такси во Ормускиот теснец се уплатени на сметката на централната банка“, рече тој во соопштението објавено од полуофицијалната новинска агенција Тасним. Пратеникот Алиреза Салими, исто така, изјави за Тасним дека Иран почнал да собира такси од бродовите што минуваат низ теснецот, повикувајќи се на, како што рече, „доверливи извори“.
Износот што се наплаќа варира во зависност од видот и количината на товар и нивото на ризик што го претставува секој брод, соопшти агенцијата, додавајќи дека Иран ги одредува тарифите и механизмите за наплата. Ниту заменик-претседателот на парламентот ниту пратеникот не дадоа детали за бројот на бродови што ја платиле таксата.
Волстрит џурнал на 8 април објави дека Техеран се обидува дополнително да ја консолидира контролата врз најважниот светски пат за превоз на нафта, наредувајќи им на бродовите однапред да договорат плаќања на патарина со Иранската револуционерна гарда и да платат во криптовалути или кинески јуани.
Полуофицијалната новинска агенција ИСНА на 19 март објави дека Иран разгледува закон со кој ќе се бара од државите да плаќаат такси за бродовите што минуваат низ стратешкиот поморски коридор.
Пловидбата низ Ормускиот теснец е сериозно нарушено откако започна американско-израелската војна против Иран на 28 февруари, потресувајќи ги глобалните енергетски пазари и предизвика стравувања од долгорочна економска штета.
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник го продолжи примирјето со Иран по барање од Пакистан, велејќи дека тоа ќе остане на сила сè додека Техеран не го претстави она што го опиша како „единствен предлог“.






