Според полицијата, на 17 април 2026 година, полициски службеници извршиле претрес во домот во кој пријавениот престојувал во населбата Драчево во Скопје.
При претресот биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од амфетамин, три ножа со траги од амфетамин, пари во различни валути и апоени, како и наркотични дроги амфетамин и МДМА.
Од СВР Скопје информираат дека по документирање на случајот, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.






