Како што информираат од полицијата, при гранична контрола било констатирано дека лицето на увид приложило фалсификувана патна исправа. По извршена дополнителна проверка во системите, било утврдено дека К.М.С. се води со мерка „апси“ по барање на Интерпол.
По утврдувањето на овие околности, лицето било задржано за понатамошна постапка.






