„Нашите институции се обидуваат да установат каква солидарност е потребна за сите загрозени од новиот авганистански режим, а не само за Авганистанците кои соработуваа со Европската унија“, рече Сасоли во изјава за италијанската телевизија РАИ, пренесуваат словенечките медиуми во понеделник.
Сасоли додаде дека Јанша по тоа прашање не може да зборува во име на Европската унија, иако Словенија овој семестар претседава со Советот на ЕУ и дека за проблематиката за Авганистан е потребна расправа со институциите на ЕУ за да се разгледаат следните чекори.
„Сите земји-членки се чувствуваат вклучени во ситуацијата во Авганистан и јасно е дека мора да покажеме солидарност“, рече Сасоли.
Реагирајќи на неговата изјава, Јанша на својот Твитер истакна дека само поединци кои ѝ помагале на ЕУ за време на НАТО операциите треба да бидат примени од Авганистан и дека е потребна солидарност и помош за членките кои ја штитат надворешната граница на ЕУ, додека дозволувањето масовна миграција од Авганистан би бил погрешен потег.
Според словенечкиот премиер, од самите членки на ЕУ зависи дали сакаат да примат уште еден миграциски бран.
„Во моментов, немаме согласност што да правиме, и всушност нема мнозинство. Веќе изразуваме солидарност кон оние што соработуваа со нас“, рече Јанша како одговор на Сасоли.
Словенија изрази подготвеност да прими и да даде азил на пет лица од групата 400-500 Авганистанци кои работеле за ЕУ. Тој понуди иста заштита за две семејства на Авганистанци кои работеле за припадниците на словенечката армија во Авганистан, вкупно 14 лица, од кои некои веќе пристигнаа во Словенија.






