„Кризата во Европа се влошува. Се работи за економска криза, егзистенцијална криза, криза во безбедносната сфера и, најважно од сè – криза во разбирањето на себе и своите основни ориентации“, изјави Песков пред новинарите, објави Спутник.
Тој оцени дека прогласувањето на Русија за главна закана за опстанокот на Европа е неразумно и погрешно.
„Русија не може да биде главна закана за Европа, бидејќи Русија, без разлика што некој вели, како евроазиска држава е сè уште неразделен, составен дел од Европа“, нагласи Песков.
Тој рече дека сегашните европски политичари ќе мора да отстапат место на други политички сили.
„Очигледно е дека ќе мора да отстапат место на други политички сили. А какви политички сили ќе бидат тие? Германија е најголемата европска земја со силна економија и многу дисциплинирано општество. Не би се осмелил сега да кажам во која насока ќе оди сето ова“, рече Песков.
Тој потсети дека во историјата веќе имало случаи кога реваншистите доаѓале на власт барајќи одмазда за годините понижување на земјата.
Пред неколку дена, Германија официјално усвои воена стратегија за прв пат во својата историја, во која Русија е означена како „главна закана“.






