„Работиме на руската ситуација, руската и украинската, и се надеваме дека ќе ја решиме“, рече Трамп во интервју за Сандеј брифинг на Фокс њуз.
Трамп рече дека нема да открие кога последен пат разговарал со Путин.
„Разговарам со него и разговарам со претседателот Зеленски, имаме добри разговори“, рече тој, без да прецизира кога се случиле разговорите со лидерите.
„Омразата меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски е бесмислена. Луда е. А омразата е лоша работа. Омразата е лоша работа кога се обидувате да се договорите за нешто, но договор ќе се случи“, рече тој.
Трамп вети дека ќе ја заврши војната што започна со руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, но повеќе од една година од неговиот втор мандат, војната сè уште трае.






