Целта на посетата, како што изјави за МИА, Темелко, кој е поранешен градоначалник на оваа општина, е донацијата на табла со шеснаесет краткото сонце, што е и лого на оваа македонска општина во Албанија.
„Денеска имавме чест да ги посетиме новите простории на Општина Пустец. По тој повод, со особена гордост подаривме табла со шеснаесеткракото сонце – македонски симбол на нашето културно наследство, историја и идентитет, која ќе биде поставена на влезот на општината“, додаде тој.
Посочи дека со новите простории се отвора ново поглавје, но со „истите корени и вредности што нè обединуваат како Македонци”.
„Овој симбол нека стои како траен белег на нашето присуство, достоинство и љубов кон татковината. Заедно продолжуваме посилно, со јасна цел – зачувување на македонскиот идентитет и градење на подобра иднина за сите“, изјави, Симонофски.
Колефски изразил голема благодарност за „овој многу значаен дар, кој и недостигаше на општинската зграда по нејзината санација” .

„Нашиот македонски симбол – сонцето од Кутлеш е општинско лого, симбол на општина Пустец, утврден врз основа на законските прописи во Албанија, со едногласно донесената одлука од советот на општината во 2005 година“, вели Темелко.
Според албанскиот Закон за локална самоуправа, пред влезот на институцијата и во салата на Советот на општината треба да стои логото на општината.
МИА






