Според СДСМ бизнисот не може повеќе да биде главна тема.
„Имаме страшни искуства од минатото со рудниците во Македонија, Крива Паланка има свој пример со загадувањето на реката. Пред една година анализи покажаа дека концентрацијата на тешки метали, цијанид и други токсични материи во Крива Река беше десетици пати над дозволеното. Дали граѓаните на Крива Паланка сакаат да се препуштат на ‘чувствата’ на Мицкоски дека ‘сѐ ќе биде во ред’ или сакаат сами да одлучат? Власта не е способна да се справи со 10 крави во Паланечко, а камоли да го заштити целото население на Крива Паланка од труење. Еден од најопасните рудници за животната средина се токму рудниците за антимон и литиум. СДСМ јасно стои на страната на граѓаните, референдум за рудникот!“, се наведува во сооштението на СДСМ.
Несогласувањата помеѓу Митовски и неговата матична партија датираат од минатата година со изборот на новото раководство на СДСМ. Во декември 2025 година, Митовски поднесе оставка од претседател на општинската организација на СДСМ во Крива Паланка, Во оставката на Митовски адресирана до претседателот на партијата, Венко Филипче и генералниот секретат Саша Димитријевиќ пишуваше дека истата е неотповиклива и дека тоа е најкоректниот негов чин водејќи се од вредностите кои СДСМ како партија ги застапува.






