Муцунски во објава на Икс истакна дека во демократските општества нема место за насилство, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.
„Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и останатите присутни се безбедни, и му посакувам брзо закрепнување на повредениот офицер на тајната служба“, напиша Муцунски на Икс и упати и порака за брзо закрепнување на повредениот припадник на тајната служба.
Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.
МИА






