недела, 26 април 2026

Рускиот министер за одбрана ја посети Северна Кореја, „договоривме воена соработка“

Рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов денес во Пјонгјанг разговараше со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, објави агенцијата Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Белоусов и Ким разговараа за состојбата и перспективите на воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг, објави руското Министерство за одбрана.

„Се договоривме со Министерството за одбрана на ДНРК да ја поставиме воената соработка на стабилна и долгорочна основа. Подготвени сме оваа година да потпишеме план за руско-корејска воена соработка за периодот од 2027 до 2031 година“, рече Белоусов.

Министерот нагласи дека за него е „голема чест“ да се сретне со Ким и му се заблагодари за „традиционално топлиот прием“ на руската делегација во Пјонгјанг.

„Руско-корејските меѓудржавни односи се на невидено ниво“, рече Белоусов.

„Оваа година ветува дека ќе биде подеднакво богата со настани во однос на билатералните контакти во голем број области“.

Тој додаде дека Москва високо ја цени одлуката на севернокорејскиот лидер да ја покани руската воена делегација на отворањето на музеј и меморијален комплекс посветен на борбените активности на корејскиот воен персонал во странство.

„Голема чест и привилегија е за нас да учествуваме на овој историски настан“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ