недела, 26 април 2026

Приведени 10 возачи за безобѕирно возење, петмина возеле без дозвола, а петмина пијани

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти Министерство за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Пет возачи (двajца во Кичево, по еден во Битола, Штип и гостиварско) се лишени од слобода за возење без возачка дозвола, а петмина (по еден во Скопје, Кочани, Неготино, Делчево и Радовиш) управувале возило под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ