недела, 26 април 2026

Шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени се четири лица

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во последното деноноќие лишени од слобода се четири лица, а поднесени биле вкупно шест пријави за семејно насилство.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, утринава, пет часа по полноќ во СВР Куманово 49- годишен маж од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга А.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23:30 часот, 70-годишна жена од тетовско во полициска станица пријавила дека била физички нападната од нејзината снаа З.И. Еден час подоцна, З.И. била лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.

Во Неготино вчера попладне, полициски службеници лишиле од слобода 37-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот ѝ се заканувал на неговата 35-годишна сопруга со остар предмет. По преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,23 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера четири часа по полноќ полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С. од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна сопруга дека во семејниот дом во скопско, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Синоќа, 29-годишна жена од скопско пријавија дека подолг временски период, нејзиниот поранешен сопруг и неговата сестра, ја следат и снимаат со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Скопје утрово 40 минути по полноќ го лишиле од слобода С.В., постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна мајка дека околу 22:30 часот во семејниот дом, агресивно се однесувал кон неа и нејзиниот 53-годишен сопруг, искршил дел од покуќнината и физички ги нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ