четврток, 7 мај 2026

Северна Кореја: Не сме обврзани со никаков договор за неширење на нуклеарно оружје

Северна Кореја не е обврзана со никаков договор за неширење на нуклеарно оружје, објави доцна синоќа државната новинска агенција КЦНА.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ким Сонг, постојан претставник на Северна Кореја во Обединетите нации, во соопштение изјави дека Соединетите Американски Држави и други земји „ја нарушуваат атмосферата“ на 11-тата Конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ) во седиштето на ОН, споменувајќи го севернокорејското нуклеарно оружје, според агенцијата.

Позицијата на Северна Кореја како нуклеарно вооружена држава „не се менува во согласност со реторичките тврдења или едностраните желби на надворешни лица“, рече Ким.

НПТ е меѓународен договор насочен кон спречување на ширењето на нуклеарно оружје и технологијата за негово производство, промовирање на соработка во мирољубива употреба на нуклеарната енергија и промовирање на нуклеарно разоружување.

Конференциите за преглед на НПТ се одржуваат на секои пет години откако договорот стапи на сила во 1970 година. Оваа година конференцијата се одржува во Њујорк од 27 април до 22 мај.

Пјонгјанг се приклучи на договорот во 1985 година, но во 2003 година објави дека се повлекува од него.

Во 2006 година, Северна Кореја го спроведе својот прв нуклеарен тест, под земја. Експертите проценуваат дека Северна Кореја поседува десетици нуклеарни боеви глави, и покрај меѓународните санкции, тврдат дека овој арсенал е неопходно средство за одвраќање од она што го смета за воена закана од САД и нивните сојузници, пренесува АФП.

Официјален Пјонгјанг постојано изјавува дека никогаш нема да се откаже од своето нуклеарно оружје и се прогласи за „неповратна“ нуклеарна сила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ