„Во повеќе наврати напоменавме дека со престанување на важноста на Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел регионот е соочен со можност за појава на тие ударни средства на огромен простор, а со самото тоа со шанси за нова рунда во трката во вооружување“, изјави рускиот претседател во обраќањето на Источноазискиот самит преку видеолинк.
„Русија, како што е познато, сфаќајќи ја сета опасност на таквиот развој на настаните, прогласи унилатерален мораториум на распоредување на ракети од среден и краток дострел во Азиско-пацифичкиот регион и во други региони во светот и повика на сериозен разговор за тоа прашање со сите заинтересирани држави“, потсети Путин.
„Тој руски предлог останува на сила, и неговата актуелност дури расте“, истакна рускиот претседател. Договорот за ликвидација на ракетите од среден и краток дострел престана да важи на 2 август 2019 година.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави претходно дека Москва е спремна да не распоредува ракети на европскиот дел од земјата, но со реципрочни чекори од НАТО.
Тој му предложи на воениот пакт да се тестираат американските ракетни системи поставени во Романија и Полска, и руските поставени во Калининград.






